Бујар Османи информираше дека Црна Гора ќе ги прифати документите со старото име на државата, но услов за тоа е истите да бидат валидни.
Повикувајќи го МВР да „се фокусира на подобра организација на системот и помалку политиканство“, Османи соопшти дека во Црна Гора ќе може да се патува со пасош со Република Македонија.
Османи информира дека разговарал со црногорскиот колега, а заедно се договориле Црна Гора да го следи примерот на Швајцарија и да ги прифаќа старите пасоши.
Ваквиот период првиот човек на дипломатијата го нарече како „транзициски“ и верува дека на овој начин може граѓаните да отидат во повеќе држави.
Сепак, бројни се критиките од јавноста. „Велеа дека ќе не внесат во ЕУ, а сега не може да излеземе од државата“ гласаше транспартентот кој ги обиколи социјалните мрежи.
Извор: 360 степени