Расте предноста на Гордана Силјановска Давкова
Новите анкети на ИПИС покажуваат дека се зголемува јазот меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста кон својот противкандидат.
Анкета на ИПИС
Ако во претходниот месец, февруари разликата била 8,7% во корист на Гордана Силјановска Давкова, во март е зголемена и истата изнесува двоцифрена бројка – 10,2%. Многуте телевизиски дебати, гостувања, пишани интервјуа и јавни настапи на кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ придонесе оваа предност да расте.
Анкетата која е спроведена од ИПИС и која се прикажа на МРТ покажува дека испитаниците одговарале на прашањето „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“. Од нив 24,6 отсто одговориле дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова. Само 14,4 отсто дале поддшка за актуелниот претседател кој ќе трча по втор мандат Стево Пендаровски.
Во албанскиот блок во тесна битка води кандидатот на ДУИ, Бујар Османи. Тој ужива поддршка од 7 отсто додека пак кандидатот на албанската опозиција, Арбен Таравари го поддржале 5,7 отсто од анкетираните испитаници.
Нискиот рејтинг – мета на сеир
Ваквиот низок рејтинг на Стево Пендаровски го проследија твитерџиите. Во продолжение ги пренесуваме интересните и актуелни твитетови со шеги на контото на актуелниот претседател.
Се моли Стево Пендаровски да започне со прибирање понуди за закуп на канцеларија за функцијата поранешен претседател
Се моли Стево Пендаровски да започне со прибирање понуди за закуп на канцеларија за функцијата поранешен претседател pic.twitter.com/OFwhRIfkUo
— Ноџиња (@VoDieMde) March 20, 2024
Епа чорба Стево
Е па сега чорба Стоко!@gogamkd води 36% пред Стока со 20.9% во март месец на анкетата на ИПИС објавена вечерва на МРТ.
Честитки! pic.twitter.com/ibmFpWMveS— Фортификација (@Fortiifikacija) March 12, 2024
Патем, на Твитер е актуелно видео од потпретседартелот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој го демантираше Стево Пендаровски. Според Николоски, Стево должи одговори на македонската јавност. Во продолжение може да го видите видеото:
.@AlexandarMKD во 2 минути го сецира дел по дел лицемерието и шупливоста на Стево pic.twitter.com/fcTolDfkCd
— Ноџиња (@VoDieMde) March 19, 2024
Штом е во прашање Стево, актуелна е неговата поврзаност со Асаф Еисин. И тоа се коментира на Твитер.
Го прашуваат Стево Пендаровски :
▪️Асаф Еисин ли ти беше на гости
▪️тој ли ќе ти ја води кампањата,
▪️пријави ли во антикорупциска
▪️колку ќе чини и
▪️од каде пари,Стево НЕ ДЕМАНТИРА дека се сретнал со пиар стратезите на Вучиќ, туку врти иста касета
–
🎙@lider107_4fm pic.twitter.com/kT3k0GEXOD— Демир (@Trollowsky) March 20, 2024