Обединетите нации ги презентираа новите анкети. Денеска се одбележува Денот на среќата, а ние не можеме многу да се пофалиме со оваа категорија судејќи по анкетите на ОН.

Поразителни податоци

Македонците се најнесреќни на Балканот. Во светот според индексот на среќа сме на 84-то место, додека младите под 30 години се нешто посреќни и се наоѓаат на 67-то место. Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја, седма година по ред, покажува извештајот на Обединетите нации.

Што не‘ прави среќни?

Среќата е насекаде околу нас, треба само да ги отвориме очите и да ја погледнеме. Секој ден има најмалку една причина за да бидете среќни. Секој со различна перцепција за тоа што е среќа и што го прави среќен. Оние кои ги анкетиравме велат повеќето млади среќата ја бараат надвор од границите.

Психолизите со коментар

Искуството на психолозите вели дека нашиот народ е прилично напнат и тажен. Луѓето чувствуваат беспомошност околу справувањето со системот и со остварувањето на своите права.

Во земјава сè повеќе се развива свеста кај населението и сè повеќе паѓа стигмата дека ако имаш потреба од психијатар имаш и голем проблем.

Среќните луѓе не размислуваат за среќа, за среќа размислуваат несреќните. Не размислувајте за среќа туку истата создадете ја околу вас.

Извор: МРТ