Луѓето земале душеци и други работи и побегнале кон границата со соседна Руанда, додека црвниот отстјај го прекрил небото над градот.
Вулканологот Дарио Тадеско изјавил за Reuters дека се чини дека Гома, град со околу два милиона жители, не е во опасност, а дека лавата истекува кон исток во правецот на границата со Руанда.
„Можам да видам високи фонтани од лавата“, рекол Тадеско. Претходо оценил дека лавата многу брзо ќе стаса до Гома, но подоцна тврдел дека тоа сепак, нема да се случи.
– Во моментов не е објавена евакуација на населението од областите најблиски до волканот, рекол Тадеско за Reuters.
Вулканот Нијарагонго последен пат еруптираше во 2002 година кога загинаа 250 лица, а без домовите останаа околу 120.000 луѓе откако лавата се слеа во Гома.
Нијарагонго, кој е дел од Албертиновата пукантина, е висок 3.470 метри. Познат е по својата многу течна лава поради посебниот хемиски состав. Брзината на движењето на лавата низ падините на вулканот достигнуваат до 96 колометри на час.
Вулканолозите стравуваат дека вулканската активноста регистрирана последните пет години е слична на онаа забележани во годините кои претходеа на големите ерупции од 1977 кога загинаа над 600 луѓе и 2002 година со над 250 жртви.