Младиот пациент А.А. (21) со прострелна рана е на Клиниката за торакална хирургија, откако вчера по операцијата остана без дел од белодробното крило.
Директорот Клиниката, Неџати Јакупи изјави дека пациентот што настрада во пукотницата во Арачиново, е на интензивна нега.
„Пациентот имаше прострелна рана, веднаш му беше извршена хируршка интервенција и му беше отстранет оштетениот десниот дел на белите дробови, Пациент е во состојба на шок, ќе преноќи на интензивна нега, па ќе видиме како ќе му се развива состојбата“, изјави Јакупи за ТВ21, по операцијата.
Другиот повреден е 39-годишен маж со иницијали Е.С., кој е во градската болница „Свети Наум Охридски“, е исто така опериран, изваден му е куршум и е во добра здравствена состојба.
Двајцата настрадаа во вчерашното пукање нешто по 13 часот во Арачиново, во кое цел на нападот бил градоначалникот Ридван Ибраими. Повредените биле во придружба на Ибраими, кој бил на увид на градежни активности. Јавното обвинителство на местото на настанот прибра тргаги и се вршат вештачења, а издадена е наредба за обезбедување снимки од видео надзор.
Она што е познато дека кон нив пукал маж со автоматско оружје, кој набрзо на мотор го напушта местото. Неофицијалните информации се дека инцидентот е последица на спорот околу земјиштето, каде општината има намера да гради стадион.
Градоначалникот Ибраими (ДУИ), неколку пати имаше закани по живот последните години, а неколку дена дури беше затворена општината по еден од инцидентите. Доделено му е и обезбедување од МВР.