Помина година дена од исчезнувањето на Самоил, неговиот татко Љупчо Костадиновски денеска изрази силни сомнежи дека неговиот син е мртов, но се надева дека истрагата ќе ги даде сите детали иако изрази незадоволство од домашните институции, објави 24 вести.

Костадиновски вели дека повеќе нема никаква доверба во институциите и во системот, бидејќи никој не успеал да ја разреши мистеријата околу исчезнувањето на неговиот син.

Костадиновски како една од можните причини за киднапирањето ја наведе високата сума на пари што ја имал неговиот син откако продал автомобил.

Инаку за овој случај две лица се обвинети за грабнување , утре е закажано рочиште во Кривичниот суд на за што се очекуваат и завршните зборови околу овој предмет.