По завршување на трката одржаа мирен протест пред Владата за подигнување на свеста за подобрување на условите за студирање.
Ова е втор протест по оној на 21 март кога исто како и денеска го искажаа револтот што нивниот факултет нема сопствени простории и побараа надлежните институции да им обезбедат објекти за настава.
Студентите на маратонот беа предводени од деканот Боро Јакимовски кој истакна дека протестите ќе ги продолжат и во наредните недели за, како што рече, да ја поткренат свеста на државата за проблемот со кој ФИНКИ се соочува веќе 13 години.
На ФИНКИ во моментов студираат околу пет и пол илјади студенти кои следат настава на неколку факултети од техничкиот кампус во Карпош. Бараките кои ги имаат студентите не можат да ги задоволат потребите и затоа се принудени да ги користат предавалните и на соседните Техничко-технолошкиот факултет, Електромашинскиот и на Педагошкиот факултет.