Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски денеска влезе во судница во Основниот суд во Куманово по обвинението против него за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ за кои во јавноста се зборува дека се блиски довласта, пренесе Фактор.

Лидерот на ЗНАМ има забелешки зошто воопшто кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани, ја прифатил пријавата и поднел обвинителен предлог, а истот така,тоа се случува во предизборен контекст.

Фирмите го пријавија кумановскиот градоначалник дека не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и дека претрпеле штета од 55.000 евра, затоа што не им издал решение за наплата на комуналии за објектот

Димитриевски тврди дека постои стручно мислење од експерти за случајот, кое обвинителот не го земал предвид.

Рочиштето беше одложено за 30 април. Димитриевски се товари дека не го почитувал законот за градење и одлуките на уставниот суд.