Зоран Заев и СДСМ се коцкаат со здравјето и животите на граѓаните. Среде епидемија инсистираат на попис од проста причина што тоа за нив не е само статистичка, туку политичка операција. Заради политичкиот пазар на Заев среде нов бран со илјадници ново заболени и десетици починати на ден тие ќе испраќаат 5.500 попишувачи од дом во дом и на тој начин ризикуваат да настане експлозија на заразата – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Македонија поради неспособноста и неодговорноста на Владата веќе пати.
Овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. И во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесттина илјади луѓе ќе заболат. Заев веднаш да го стопира пописот така ќе стопира смрт на 2400 луѓе поради ковид – стои во партиското соопштение.
Понатаму додаваат:
Во последните пет земји во светот сме по вакцинација според Блумберг, а во првите три по смртност според Економист. Не успеаа да набават вакцини за имунизација ниту на здравствените работници, а не пак да обезбедат масовна имунизација. Сега, згора на тоа ќе изложуваат на ризик луѓе кои што ќе попишуваат и ќе бидат попишувани само за да го исполнат политичкиот хир и инает на Заев.
Споед нив Комисијата за заразни болести е нем послушник на Заев, бидејќи на ваква епидемиолошка слика молчи.
Земји кои далеку подобро се справуваат со кризата и кои имаат напредна фаза на имунизација ги одложија планираните пописи, само власта на Заев ќе сее хаос и зарази.Тоа што Заев го нарекува попис во пандемија е потенцијално ширење на смрт – велат од ВМРО-ДПМНЕ.