Политичката партија Левица и нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска се однесуваат како најголем непријател да им е ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Билјана Ванковска излезе од претседателската трка и според сите беше логично да ја поддржи кандидатката која ја поддржа во 2019-та, таа повторно реши да ја напаѓа. Во напад кон Силјановска Давкова, Ванковска повторно упатува низа навреди на контото на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.

Во претходните 48 часа Ванковска три пати ја нападна Силјановска Давкова, а ниту еднаш Пендаровски

За многумина зачудувачки, но поранешната поддржувачка на Гордана Силјановска Давкова, Билјана Ванковска сега стана најголем критичар. Таа откако излезе од претседателската трка веројатно својот неуспех „го лечи“ со низа навреди кон својата противкандидатка. Само во претходните 48 часа таа три пати ја нападна Силјановска Давкова велејќи „тешко нас со кандидатка која не ја знае содржината на преговарачката рамка, нема ни храброст, ниту решителност, таа и Пушкин ќе го укине“. Серија напади кои легитимно го отвораат прашањето „Дали целта на Левица е да го делегитимира само ВМРО-ДПМНЕ и да одработи за СДСМ“?

Во продолжение објавувавме колаж од статусите на Билјана Ванковска.

Билјана Ванковска со низа напади кон Гордана Силјановска Давкова
Билјана Ванковска со низа напади кон Гордана Силјановска Давкова

Дебакл на Билјана Ванковска

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев само еден ден пред изборите најавуваше „женски дуел“, но на крајот Билјана Ванковска заврши шеста од седум кандидати. Според официјалните резултати Билјана Ванковска Цветковска освои 41.331 гласови односно САМО 4,56% од вкупниот број на гласачи. Левица се декларираше како „трета“ опција, а во пракса се шести од седум пријавени кандидати. За разлика од неа, навредуваната Гордана Сиљановска Давкова има 363.085 гласови односно дури 40,09%.

Во продолжение пренесуваме Фејсбук статус на Димитар Апасиев кој наиде на потсмев кај многумина, особено на Твитер.

Димитар Апасиев најавуваше женски дуел, за на крајот неговиот кандидат да заврши шести од седум пријавени
Димитар Апасиев најавуваше женски дуел, за на крајот неговиот кандидат да заврши шести од седум пријавени

Напади од Левица кон ВМРО-ДПМНЕ

Целото предизборие сведоци сме дека Левица се однесува како најголем непријател да им е ВМРО-ДПМНЕ. Имено, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска обвинуваше исто така дека 25.000 потписи од граѓаните за Силајновска Давкова завршиле на буниште. Таа вели дека Гордана Силјановска Давкова е кандидирана само со потписи на пратениците, а смета дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува неодговорно.

Ванковска манипулираше: Бројката на гласови на Силјановска Давкова не е 25.000 гласови, туку многу повеќе

Нејасно е зошто Билјана Ванковска револтот го истура само врз Силјановска Давкова кога логично е опозицијата да се бори против претседателот на власта, Стево Пендаровски. Освен тоа, нејасно е и зошто Билјана Ванковска измислува бројка од 25.000 гласови кога Гордана Силјановска Давкова собра над 28.000 потписи. Од каде Левица има толкав порив да зборува против опозицијата отколклу власта предводена од СДСМ и ДУИ?

Сепак, редакцијата на Радио Лидер реши да истражи што мислела Билјана Ванковска за Гордана Силајновска Давкова во 2019-та година.

Како се однесуваше Ванковска во 2019-та година?

Доколку се потсетите како се однесуваше професорката Билјана Ванковска во 2019 година јасно може да заклучите дека дава безрезервна поддршка за Гордана Силјановска Давкова.

Во 2019 година Ванковска не ги штедеше комплиментите кон Силјановска Давкова

Во своите објави на Фејсбук таа Силјановска Давкова ја опишува како „премногу добра за оваа колонија“, а не штедејќи ги комплиментите вели дека е „10.000 километри над нивото на нашата политика“ и дека „предобра е, не ја заслужуваме“.

Во продолжение може да го погледнете целиот Фејсбук статус којшто е објавен откако е соопштен резултатот дека победник на претседателските избори е Стево Пендаровски.

Многу е нелогично што само пет години подоцна Ванковска упатува жестоки критики кон Силјановска Давкова ако се земе предвид дека во 2019-та нејзините комплименти немаа крај. Сега настапува премногу остро кон „предобрата и пристојната“ кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ.

Останува да видиме дали можеби во вториот круг Левица, а и самата Ванковска ќе ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за кандидат за претседател и дали можеби ќе си ја „поправи грешката“ и многуте избрзани коментари. Судејќи по претходните 48 часа веројатно дека нема, а можеби би го поддржале и Пендаровски.

(ВИДЕО) Николоски до Левица и ЗНАМ: Со неподдржувањето на Силјановска Давкова му слугуваат на Ахмети!

На овие теми разговаравме и со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски утрово на Радио Лидер.