Посетата на Христијан Мицкоски на Општина Аеродром за големиот христијански празник Велигден е по повод Велигденските средби во Горно Лисиче. Во храмот „свети Петар и Павле“ денеска традиционално по 36-ти пат се одржа овој настан.

На настанот присуствуваше и претседателот на советот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Градоначалникот Муцунски упати честитки за големиот празник и сподели фотографии од настанот.

Христос воскресна! Нека е честит денешниот празник Велигден. Овој ден испраќа порака за мир, љубов, обединување, но и простување – вредности кои постојано треба да ги повторуваме и споменуваме. Со овие мисли и пораки за мир, здравје и благосостојба денеска заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствувавме на Велигденските средби кои традиционално, по 36-ти пат се организираат во храмот св. Петар и Павле во Горно Лисиче. Православните верници ширум светот денес го празнуваат најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Нека е честит Велигден, за мир, берикет и хармонија во секој дом, пишува Тимчо Муцунски на својот профил.

Повеќе може да прочитате во продолжение:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Timcho Mucunski (@mucunski)