Ни дождот не ги спречи симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат во центарот на Скопје да ја прослават големата победа на нивната партија на денешните двојни избори. На плоштадот се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се пееја патриотски песни, а симпатизирате скандираа „Македонија“.
Се одбележа и „Заветна“ која практично беше „химна“ на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.
❤️❤️❤️🇲🇰🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/3KzfDkLUXj
— Венерин бреговиЧ (@VenerinBregovic) May 8, 2024
ВМРО-ДПМНЕ доживеа убедлива победа. Христијан Мицкоски ќе биде иден премиер на државата, а Гордана Силјановска Давкова прв претседател на државата.