Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ насилни протести, соопшти француската висока комисија, а телевизијата БФМ објави дека едно лице загинало во немирите.
Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание.
Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против.
Во нередите беа повредени околу 60 полицајци, но нивната „посветеност и професионалност“ се за пофалба, соопшти комисијата.
Запалени се бројни згради, вклучително и училишта.
Во сила е ноќен полициски час, а од жителите е побарано да го ограничат движењето во текот на денот
🚨🇫🇷 NEW CALEDONIA: VOTING CHANGES SPARK RIOTS
In New Caledonia, a French territory in the South Pacific, riots broke out in the capital, Noumea, after the French National Assembly allowed long-term French residents to vote in local elections.
This has raised concerns about… pic.twitter.com/mORYCJ01xk
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) May 15, 2024
Зошто Нова Каледонија е важна за Франција?
За Париз, Нова Каледонија е важна геополитички, воено, но и поради наоѓалиштата на никел.
Областа со околу 270 000 жители доби голема автономија со договорот со Номеа. Островот се наоѓа на околу 1 200 километри источно од Австралија.
Жителите гласаа да остане дел од Франција на секој од трите референдуми за независност во 2018, 2020 и 2021 година.
Но, движењето за независност го бојкотираше последното гласање и објави дека нема да го прифати резултатот.