Само 27 отсто од американските компании планираат да се прошират во Кина
И покрај разговорите за економско раздвојување и деризикување од Кина, европските компании остануваат оптимисти за перспективите на земјата – скоро 40% од компаниите во Германија и Шпанија и над 30% од компаниите во Франција очекуваат да се зголеми нивниот отпечаток во синџирот на снабдување на земјата. Според податоците, само 27% од анкетираните американски компании планираат да се прошират во Кина.
„Европските компании се очигледно помалку загрижени од американските фирми“, се вели во извештајот, предводен од шефот на економските истражувања на Алијанц Трејд, Ана Боата.
Кина најголем светски снабдувач
„Кина останува најважниот светски снабдувач, од кој целосното исклучување изгледа тешко, ако не и невозможно“, се вели во извештајот на Алијанц Трејд. Во меѓувреме, во Кина, компаниите стануваат сè пооптимисти за извоз во други земји. Над еден од 10 извозници во Кина предвидува раст на извозот од над 10%.
Кина се ослободува од доларот, а купува злато
Деновиве факт е дека Кина сака да е помалку зависна од Америка, па затоа се повеќе златото на светскиот пазар расте. Кина продаде рекордни 53,3 милијарди американски државни обврзници и други хартии од вредност во првиот квартал во обид да се диверзифицира од американските средства, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии.
Војната во Украина најголем политички ризик
Војната во Украина останува главниот геополитички ризик што компаниите очекуваат да ги наруши синџирите на снабдување, додека трговските војни меѓу САД и Кина се најголемата закана за фирмите со долги синџири на снабдување и повеќе од 50% од странското производство.