Раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги негува добрите односи со пријателските земји кои ѝ помагаат на Македонија остварувајќи ги своите евроинтеграции.
Денеска заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски остваривме средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер. Се заблагодарив на г. Памер за поддршката која Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите. Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувани во наредниот период. Воедно беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот кои ќе бидат високо на агендата на идната влада, вели Мицкоски.