Каков плен за ВЛЕН?
Без многу детали се одвиваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за носители на функции во вториот и третиот ешалон функционери. Владата ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.
Пишува: Никола Николовски
По вчерашната конститутивна седница во Собранието и објавувањето на поделбата на ресорите, се чекаат имињата на министрите. Добивме нов собраниски спикер Албанец. Не ми е по ќеиф што Албанец застанува на оваа функција. Спикер на Собрание значи функција која е трета по углед, но не и по важност во државава. Мислев дека ВМРО-ДПМНЕ со ваква бројка на мандати ќе успее да земе спикер, но… Гаши не е УЧК како Џафери, а функцијата ја добива како последица на тоа што тоа беше „место резервирано за Албанец“. Плус, суровата реалност е дека ова министерство е дадено за ВЛЕН да има простор за освои албански гласови следни избори.
Кога еднаш ќе се даде некоја функција, тешко е истата да се одземе. Штетата која ја направи СДСМ доведе до тоа Македонецот да биде потчинет во сопствената држава. И точно, сега затоа си ги плаќаме грешките. Не мислевме навремено, сега ги санираме последиците.
Сепак да не веруваме на гол пи-ар и да бидеме искрени. Како Македонци треба да бидеме задоволни од поделбата на ресорите. Ќе се повторам од претходниот текст, а и реално тоа го мислам дека како Македонци си ги враќаме клучните министерства. Ги враќаме оние кои досега беа кај Албанци – МНР, ФИНАНСИИ, ОБРАЗОВАНИЕ И ПРАВДА. Плус, веќе нема „технички премиер“ Албанец, тоа замина во историјата, исто како и анти-македонската партија која го донесе тоа СДСМ.
Каков плен за ВЛЕН? Одговорот е јасен: минимален. Само едно клучнo министерство оди во нивни раце: здравство, а уште неколкуте други се „чамче министерства“. Плус и од „економија“ кое го добиваат со распределбата на министерствата и реорганизијата им се крати давањето на концесии и истото оди кај Македонец. ВЛЕН има простор да го врати оптимизмот кај Албанците функционери. Во случај да не соработуваат ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ треба да ги шутнат од владата.
Со ситни забелешки, задоволен сум од распределбата. Има простор за напредок, а искрено најмногу се радувам што „министерство за образование“ оди кај Македонец. Време е за промени.
Боемот 2.0
View this post on Instagram