Тој истакна дека СЗО во февруари побарала 1,96 милијарди американски долари за да одговори на пандемијата на коронавирусот оваа година и предупреди дека недостасуваат околу 70 проценти од таа сума.
– Ова претставува закана за СЗО затоа што не е во состојба да ги одржува своите витални функции и да одговори на итните приоритети. Ризик е СЗО да не може да обезбеди брза и флексибилна поддршка за земјите во неволја, изјави Рајан.