Околу 9 часот и 40 минути пред оградата на јужната страна на плоштадот Свети Марко во Загреб, пред зградата на хрватската Влада, непознато лице се полило со бензин и се самозапалило, ја објави Индекс потврдата од загрепската полиција.
Неофицијално се дознава дека маж се самозапалил, при што се здобил со тешки изгореници. Тој сè уште бил жив кога пристигнала итната помош.