Професионалниот војник А.Ј. (25) починал синоќа околу 23:15 часот во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, соопшти утрово Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Професионалниот војник бил еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“.
Како што наведуваат од ГШ, на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во касните попладневни часови, по 18,30 часот, без претходни видни знаци, на професионалниот војник моментално му се слошило по што паднал во безсознание.
Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката-Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот е пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време е констатирана смрт.
Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.
Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана.
Починатиот армиски припадник, го почнал 24 дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност. за цело време на предвидените активности на курсот, нагалсуваат од ГШ на Армијата