Денеска околу 14 часот на територија на Маџари во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Д. (26), кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна од една година и 10 месеци и бегство од КПУ Затвор Скопје.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, соопштија од МВР.