Големо невреме на територијата на Град Скопје. Невреме во главниот град, многу паднати дрвја, снема струја на одредени места, а сообраќајот е парализиран.
Страшни сцени доаѓаат од скопска Автокоманда во општина Гази Баба. Рекламно пано заедно со дел од оградата паднале без автомобили во движење. Засега се уште нема информации за повредени лица. Ваквиот пад на билборди го отежна сообраќајот и создаде големи гужви за возачите.
Во продолжение повеќе може да видите од видеото.
Граѓаните ги пријавуваат штетите во Центарот за управување со кризи. Освен многуте паднати дрвја вечерва снема струја на одредени места, а едно од нив беше и Собранието каде вечерва се гласа нова влада.
Падната ограда во Автокоманда се очекува да се санира во најбрз период, информираат од ЦУК.
Невреме освен во Скопје имаше и во Тетово.