Поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на СДСМ, Петре Шилегов не го крие револтот и несогласувањето со Миле Зечевиќ.
Како започна конфликтот?
Како кратка увертира на целата приказна е посетата на Миле Зечевиќ на отворањето на партијата на Данела Арсовска „Нова Алтернатива“. Тогаш Шилегов преку низа статуси и јавни настапи распали по Зечевиќ.
Според Шилегов, станува збор за политички субјект, кој не заслужува такво ниво на внимание од СДСМ.
„Немаме политичка одлука зошто секретарот на партијата бил таму, не знам зошто тој беше таму. Дали бил приватно, не знам. Ако паријата добила покана, во ред е да се појавите таму, но не мислам дека таа партија и тој субјект го заслужува тоа високо ниво на присуство на Социјал-демократскиот сојуз“, изјави Шилегов во гостување во Дневникот на Сител.
Конфликтите продолжуваат
Конфликтот не запра таму. Сега Шилегов повторно го „нападна“ партискиот секретар Миле Зечевиќ кој важеше за близок на поранешниот лидер Димитар Ковачевски.
„Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар …Допрва следи “римув” ….“, објави Шилегов на својот „Фејсбук“ профил преку статус кој се однесува на Зечевиќ.
Засега се уште не е познато на што се должи ваквата реакција. Она што е познато е дека Петре Шилегов е тргнат од некоја фејсбук група токму од Миле Зечевиќ.
Останува да видиме како новиот партиски лидер, Венко Филипче ќе се справи со различните крила во СДСМ.