Застрелан во уво

Трамп беше евакуиран од Тајната служба со крваво уво и лице откако беше застрелан на предизборен митинг во американската држава Пенсилванија. Несреќата се случила во Батлер, на околу 50 километри северно од Питсбург. Пукањето ја потресе Америка, политичката класа и ги наведе светските лидери колективно да го осудат насилството.

Веднаш симнат од сцената

Претседателскиот кандидат веднаш беше симнат на сцената од агенти на Тајната служба. Тоа се случи неколку секунди откако одекнаа истрели. Трамп покажуваше табела со бројот на луѓе кои ја преминале границата, кога во толпата избувнаа врисоци. Бил забележан како ја пружа десната рака до вратот. Медиумските преноси во живо го покажаа Трамп со раскрвавено десно уво.

Кој е 20 годишникот кој пукаше во Трамп?

Стрелецот беше убиен од агенти на тајната служба, изјави за ABC News окружниот обвинител Ричард А. Голдингер. Во нападот, кој ФБИ го оквалификува како „обид за убиство на Трамп“, едно лице од публиката загина, а две други се тешко повредени и се во критична состојба.

Кој е атентаторот на Доналд Трамп?

Стрелецот е Томас Метју Крукс (20) од Пенсилванија. Тој е жител на паркот Бетел, кој е на околу 40 милји јужно од релито во Батлер. Тој дејствуваше сам. Крукс се криел на покривот на зграда на стотина метри од местото на настанот. Мотивите на напаѓачот не се јасни. Се пукало со полуавтоматска пушка АР-15. Во евиденцијата на гласачите во државата Пенсилванија, Крукс е наведен како републиканец, иако во протеченото видео тој вели дека го мрази Трамп и ги мрази републиканците.

Се појави видео од атентаторот на Трамп: Ги мразам републиканците, го мразам Трамп!

Историја на Крукс

Томас Крукс живеел околу еден час од местото на пукањето во Батлер. Кога имал 17 години, тој направил донација од 15 долари за ActBlue, активистичка политичка комисија која собира средства за левоориентираните и демократските политичари, според пријавата од 2021 година до Федералната изборна комисија. Донацијата беше наменета за Прогресивен Проект за излезност, национална група која ги мобилизира демократите да гласаат. Сепак, на претстојните избори на 5-ти ноември, тој ќе биде доволно возрасен за првпат да гласа на претседателски избори и рече дека тоа ќе го направи за републиканците.

Од неговата фамилија без коментар

Таткото на наводниот напаѓач, Метју Крукс (53) за Си-Ен-Ен изјави дека се обидува да открие што се случило и ќе почека додека не разговара со органите на редот пред јавно да проговори за својот син. Томас Крукс е дипломиран 2022 година на средното училиште „Бетл Парк“, според весникот Питсбург Трибјун-Рију.