Значајно олеснување на фирмите, училиштата, институциите и домаќинствата
64.000 домаќинства кои се снабдуваат со топлинска енергија од следниот месец ќе плаќаат пониски цени за парно. Регулаторната комисија одлучи дека домаќинствата ќе плаќаат 3,16 отсто пониско парно додека кај фирмите, инситуциите и училиштата кои се приклучени на градското парно поевтинување ќе имаат за високи 17 отсто. Овде спаѓаат 1.200 фирми, а ваквата одлука беше поздравена од потрошувачите.
Стабилизација на пазарот
Првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимоски рече дека новите цени се без субвенции, а природниот гас се враќа во нормала. Ваквата мерка ја опиша како значајна за стабилизација за енергетските компании.
„Ова е одличен период за енергетските компании финансиски да се стабилизираат и консолидираат и да стартуваат со реализација на инвестициски проекти како и зафати за рехабилитација на инфраструктурата“, истакна Марко Бислимоски.
Мостот Беласица останува најголем проблем
Сепак, тој вели дека состојбата на терен е вистински загрижувачка. Се уште најголем проблем е цевката на мостот „Беласица“ која не е во функција, па упати критики за бавната санација на истата.
„Да го преоѓавме Амазон, ќе го пројдевме“, рече саркастично претседателот на Регулатрона комисија Марко Бислимоски и упати барање до почетокот на грејната сезона исто да биде санирана.
Останува да видиме каква ќе биде ситуацијата со мостот „Беласица“.