ДУИ подготвува немири и дестабилизација оваа есен, а целта е да се заштити нелегално стекнатиот имот. Вака премиерот Христијан Мицкоски предупредува за евентуални сценарија со кои преку протести ќе се попречува институционалната работа на Македонија и дополнува дека тие како влада ќе го бранат територијалниот суверенитет на Македонија.
Мицкоски предупредува за дестабилизација
Од ВМРО-ДПМНЕ утрово повторно ги повикаа СДСМ и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација на Македонија. Оттаму велат дека ќе расчистат со „епскиот криминал“ и злоупотребата на повеќе државни институции. Мицкоски рече дека недостасуваат пари по државните институции, а на терен нема реализација и проекти.
ДУИ и СДСМ негираат такво сценарио
По два дена, од ДУИ решија да проговорат. Оттаму ги негираа заложбите на Мицкоски и додадоа дека ќе користеле сите демократски механизми. Од СДСМ пак, велат дека ако има Мицкоски такви информации треба да бидат доставени до министерството.
Дали Бујар Османи затоа барал ДУИ по секоја цена да биде дел од Владата?
Но, одење во опозиција го навести Бујар Османи во ТВ интервју пред неколку месеци. Останува отворено прашањето дали Османи знаел дека се подготвува некое сценарио и дали затоа барал ДУИ по секоја цена да биде во влада.
Бујар Османи не може да го прифати одењето во опозиција
Со евентуално одење на ДУИ во опозиција Османи вели дека така нема да биде испочитувана волјата на албанскиот народ, а според него Мицкоски преговара со „Нелегитимни Албанци“.
Бујар Османи преговорите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги спореди со Милошевиќ на Косово.
„Влада со нелегитимни Албанци и влада без Албанци е еден ист концепт. Јас ви велам – Милошевиќ го правеше тоа во Косово. Рахман Морина го стави претседател на Косово, а Албанците велеа – кој ти е овој?“, рече Османи.
Закани за гнев кај Албанците
Бујар Османи се закани дека Албанците ќе бидат гневни, а ќе се „отворат теми кои не се потребни“. Останува прашањето што сакаше да најави Османи и кому да му се закани со „нови прашања кои се отвораат како непотребни“.
Ова ќе ги разгневи сите Албанци, заради тоа што тие ќе почнат да чувствуваат дека веќе нивниот глас не важи, дека е ништовен, и тоа ќе отвори многу теми а такви теми не ни се потребни“.