– ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за тутунот со кој кило тутун не смее да се увезе додека не се откупи целокупниот домашен тутун и се обврзува на чесна откупна цена и проценка на тутунот. Трудот и маката на тутунарите мора да се вреднува!, посочи Николоски.
Николоски: Ќе донесеме закон со кој кило тутун не смее да се увезе додека не се откупи целокупниот домашен тутун
Н
Денес во Прилеп се сретнавме со здруженија на тутунарите, разговаравме за огромните проблеми со кои се соочуваат, информира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.