– Беше заклучено дека инвестициските проекти ќе влијаат значително на растот на Бруто домашниот производ, обезбедување поголем број работни места и зголемен извоз и севкупен економски развој и напредок. Проектите ќе бидат презентирани пред граѓаните и медиумите во текот на деновите кои следат, се додава во соопштението од владината седница.

Покрај ова, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата донесе одлука да го повлече Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните од собраниска процедура, заради искажаната потреба од доусогласување на текстот на барање на повеќе кинолошки друштва и расни клубови.