Мајкрософт во блогот https://bit.ly/2SzLGmO објави:
-Оваа недела забележавме кибер напади од страна на Нобелиум насочени кон владини агенции, аналитички центри, консултанти и невладини организации
Нобелиум, со потекло од Русија, е истиот актер кој стои зад нападите врз клиенти на SolarWinds во 2020 година, соопшти „Мајкрософт“.
-Овој бран напади имаше за цел околу 3.000 имејли во повеќе од 150 различни организации.
Најголем дел од нападот е кон цели во САД, додека ќжртви се и во уште најмалку 24 земји, соопшти Мајкрософт. Најмалку четвртина од таргетираните организации се вклучени во меѓународен развој, хуманитарни прашања и работа со човекови права, наведе Мајкрософт во блогот. Нобелиум ги почнале нападите оваа недела со упад во меркетинг налогот на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и од таму извршувајќи напади со фишинг врз многу други организации, соопшти Мајкрософт.