Компанијата Microsoft на 5 октомври ќе го претстави новиот Office 2021.

Станува збор за истиот ден кога ќе пристигне и оперативниот систем Windows 11. Office 2021 ќе биде достапен за уредите кои користат OS Windows, но и macOS.

Office 2021 ќе донесе низа подобрувања, со нови функции и темен режим. Microsoft вети дека поддршката ќе трае најмалку 5 години.

Повеќе информации се очекуваат во наредните денови.