Припадниците на Армијата од лесната пешадиска борбена група ќе реализираат вежба со боеви гаѓања – демонстрација на капацитетите и способностите. Претставена и дел од новопримената опрема, што е во процесот за модернизација и опремување на армијата.

Агелер: Нема поголем пријател на Македонија од САД

Како шт веќе кажаа и министерот за одбрана и премиерот има повеќе потреби коишто треба да се решат, а бидејќи ние веќе соработуваме во голема мера, најверојатно ќе се работи на тоа да се прошири соработката што веќе ја имаме. Во годината што следува има навистина повеќе важни цели и предизвици и за Армијата и за министерството. Како што имаме кажано и претходно, нема да имате поголем поддржувач и партнер во остварување на овие цели од САД, и знам дека претседателот (на САД, Џо Бајден н.з.), тоа го повтори на средбата со вашата претседателка, изјави амбасадорката на САД, Ангела Агелер,

Премиерот Христијан Мицкоски го ирази своето задоволство од подготвеноста на македонската армија, покажана на методско-поканата вежба на Криволак.

Македонските војници ја имаат мојата огромна почит и ќе се обидам како претседател на Владата заедно со останатите членови на Владата во соработка со нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави и останатите земји членки на најголемата и најсилната во историска смисла Алијанса тоа е НАТО пактот да овозможиме што е можно подобри услови за војниците и за старешините да можат да се развиваат во една модерна современа Армија којашто ќе може да одговори на предизвиците коишто се потребни пред сѐ за да ја заштитат сопствената татковина, а потоа да одговорат и на предизвиците коишто заедно со сојузниците во рамките на НАТО Алијансата ќе ги имаме и надвор од оние предизвици кои што ги имаме- да ја заштитиме сопствената татковина.

Мицкоски: Презадоволен сум од оваа практична вежба

Денеска можевме да видиме една навистина динамична практична вежба со примена на современо вооружување, со примена на модерна опрема. Јас можам да кажам дека од она што успеав да гои видам можам да заклучам дека навистина капацитетите се на едно високо би рекол одлично ново. Често пати ме прашуваат дали сте задоволни или не сте задоволни. Можам да кажам дека сум презадоволен. Секогаш може да биде подобро Јас сум убеден дека следниот пат ќе биде уште подобро, следниот пат ќе биде уште подобро од претходниот итн. итн. ќе ги градиме капацитетите. Она коешто го очекуваат и граѓаните но и потребите коишто ги наметнува членството во најголемата и најсилната во сторијата воена Алијанса, НАТО Алијансата. Како Влада ќе продолжиме да ве поддржуваме и мислам дека ни претстојат многу убави денови“ – изјави премиерот Мицкоски на Криволак.