Според него има неколку начини да се растеретат затворите, преку условен прекин на казната, електронски надзор и подобра ресоцијализација на затворениците затоа што над 60 проценти од нив, се повратници.
Во моментов се работи на заживување на пробациските алки, како и се организираат дискусии со судиите за досудување на поголем број на условни осуди.
Во насока на растеретување на затворите се и условните осуди коишто според судијката Билјана Коцевска од Кривичниот суд во Скопје, во јавноста постои искривена слика. Таа вели дека доколку постои соодветен надзор има механизми како да се воспостави ред, доколку осудениците не го почитуваат законот.
Во моментов во затвор има 2400 луѓе, а уште толку чекаат да влезат внатре
Според најавите на директорот Пандов, се очекува метежот во затворите да се расчисти и со изградбата на новото притворско крило во Идризово за 400 луѓе.
Досега изградена е само првата фаза од затворот и тоа во време на минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а до 2023 година требало да биде завршена и втората фаза.
Пандов вели дека не е направено ништо по тоа прашање, а пари има. Информираше дека Македонија зела заем од ЕУ уште во 2010 година, меѓутоа парите коишто се обезбедени се под мораториум. Делегација на Комисијата за превенција и борба против тортура од ЕУ следната недела треба да направи контрола на македонските затвори. Пандов се надева дека средствата ќе бидат одмрзнати и ќе почне и втората фаза на изградба на најгоемиот македонски затвор во Идризово.