На денешната конференција, Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, ја потврди определбата на Македонија за продолжување на патот на евроинтеграциите. Тој изрази загриженост за одвојувањето на Албанија, оценувајќи дека тоа не значи автоматско членство во ЕУ.
Неправдата на ЕУ
Како што посочи, ваквите потези од страна на ЕУ само ја потврдуваат неправдата кон Македонија, особено во контекст на историските искуства во процесот на проширување.
„Иако движењето на Албанија и издвојувањето не значи и нејзино брзо членство во Унијата, тоа не е прв пат да бидеме во ваква ситуација, Бевме во иста група со Бугарија и Романија, а потоа со Хрватска, следеа Србија и Црна Гора, на крај и Албанија. Верувам дека повторно ќе се сретнеме во таа група, и тоа е јасно на сите оние кои го разбираат процесот на проширување и состојбите во ЕУ. Сепак, не смееме да дозволиме скептиците да триумфираат и да остават нашата земја затворена во геополитичка безизлезност. Членството во ЕУ мора да остане активно, а процесот треба да напредува. Ние ќе предложиме решенија за надминување на сегашната статус кво ситуација. Исто така, ќе се посветиме на реформите за интеграција во ЕУ и ќе работиме на подобрување на нашата реалност, бидејќи сме свесни дека тоа е во наше добро.“
Според него, неопходно е да се работи на реформи и да се вклучи опозицијата во овој процес.
„Ние веруваме во ЕУ, а членството на Македонија во ЕУ е наш стратешки приоритет.“
Неговиот став е дека постојаното одложување на напредокот во евроинтеграциите е проблематично и создава стравувања дека Македонија може да стане заробена држава.
„Тие стравувања се беспредметни и само одраз на внатрешната дневно-политичка динамика,“ додаде тој. Мицкоски нагласи дека е важно да се надминат скептиците, бидејќи евроинтеграциите остануваат кохезивен фактор за општеството, што се одразува во политичките и етничките односи.
Лична позиција на Христијан Мицкоски
„Диктати, да биде јасно, не прифаќам. Ние бараме почит за мојот народ, а не сочувства и изговори, Овој процес бара разбирање од страна на ЕУ, и очекуваме од неа да покаже исто толкава вера во еврпската иднина на нашиот регион како што ние имаме. Македонија и нашите граѓани вложија многу, а предолго сме заробени од билатерални проблеми и барања.
Тој исто така нагласи дека нема да ветува работи кои се неостварливи, но и нема да пропушти да ја консултира опозицијата и да побара поддршка за неговите напори.
„Ние планираме да вклучиме и опозицијата во процесите кога за тоа дојде време. Нема да ветуваме неостварливи работи, но сигурно ќе ја консултираме опозицијата и ќе побараме поддршка за нашите напори. Целите ни се заеднички и немаме дилема околу тоа. Веќе следната недела ќе испратам писмо до сите инволвирани во кое и на таков начин ќе ја потврдам мојата недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање решение, Темите на изолација претставуваат само стравови и психолошки товар за скептиците со различни потекла. Ние ќе продолжиме напред, без оглед на тоа дали некој тоа го одобрува или не.“
Тој истакна дека нема потреба од власт по секоја цена.
„Ова го повторувам од самиот момент кога станав претседател на ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Макдонија, која се соочи со многу тешки и ненормални предизвици за да достигне оваа значајна поддршка која ја има сега. Власт не ми е потребна. Мојата желба е да направам промени и да донесам подобрувања. Тоа е мојата надеж и идеал, за што зборувам уште од почетокот на овој говор“, подвлече Мицкоски.