Свечен пречек на Вучевиќ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски со највисоки почести го пречека српскиот колега Милош Вучевиќ. Во рамки на официјланиот пречек на српскиот премиер оркестарот ги интонираше химната на Србија, а потоа и на Македонија.

Во продолжение може да го погледнете пречекот:

Цел на посетата

Според информациите српскиот колега на премиерот Мицкоски доаѓа со цел да се потпише меморандум за соработка меѓу македонското министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и српското министерството за рударство и енергетика. Двете држави се дел од отворен Балкан, а со ваквата спогодба ќе отвори елосно соработка и во секторот на енергија.

Заедничка прес-конференција

Во 11:45 часот двата премиери, Мицкоски и Вучевиќ ќе имаат заедничка прес-конференција.