Боре Видевски е вратен назад во затворот „Скопје“
Судењето за двојното убиство на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Тошовски може да продолжи. Судењето може да продолжи бидејќи еден од обвинетите, Боре Видевски е вратен назад во затворот „Скопје“. Претходното судење беше одложено заради проблеми со бубрезит на Боре Видевски, а тој беше хоспитализиран на Клиниката за неврологија.
Боре Видевски чиј адвокатот е Бојан Манев претходно изјави дека Видевски се наоѓа во тешка здравствена состојба и бил пренесен на Клиника за нефрологија.
Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче
Во овој случај првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо.
Петтемината обвинети за убиството на Вања и Панче се невини
Петтемината обвинети за убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се изјаснија за невини. Со воведните излагања, почна судењето за случајот кој ја потресе Македонија каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо. И покрај тоа што излегоа видеа и снимки дека тој бил таму, сепак Палевски негира. Пред судот тврдеше дека не е убиец, туку жртва.
Што се случило?
Обвинителството до детали објасни како биле грабнати и убиени Вања и Панче. Според ОЈО, обвинетите неколку дена претходно го планирале убиството. Откако Палевски го убил Жежовски, заедно со Боре Видевски, Влатко Кешишов, Велибор Манев го закопале и ја земеле неговата кола со која планирале да ја киднапираат Вања. Плановите им се разминале, па наместо во петок ја грабнале три дена подоцна, ставајќи ја во пластична вреќа, претходно врзувајќи ѝ ги рацете. Ја однеле на местото наречено „Дупки“ во скопска Бразда.
Судење за убиство на Вања и Панче
Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември, кога на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје седнаа, првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.