Граѓаните го препознаа ангажманот во првите сто дена од новата влада па затоа поддршката се зголемува. Ако се одржат избори 27,2 посто од граѓаните ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ а нецели десет отсто за СДСМ, покажа анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје.
Повеќе од половина од анкетираните имаат позитивни впечатоци за работата на премиерот во првите сто дена додека нешто под една третина негативни.
Интересно е дека се намалува разликата меѓу СДСМ и ДУИ и партијата на Али Амхети сега има поддршка од 8,5 посто, а пак коалицијата Вреди 7,8 проценти. Левица е со 4,8 посто и ЗНАМ со 4.
СДСМ и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително-реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Разбирливо, Христијан Мицкоски е најпопуларен политичар. Во него најголема доверба имаат 27,8% од граѓаните. Следен е Ахмети во кого веруваат 8,посто. Во новиот лидер на СДСМ Филипче доверба само 5,5 посто од анкетираните.