Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, патува кон Австрија, каде ќе учествува на 20-тиот Европски самит во Салцбург, посветен на реформите и иднината на Европската Унија. Премиерот го сподели ова преку статус на социјалните мрежи, наведувајќи дека неговото учество вклучуа панел излагање на темата за реформите и перспективите на регионот во однос на интеграцијата во ЕУ.
Премиерот со јасен став за македонските интереси
Мицкоски нагласи дека владата има јасен план и визија за иднината, истакнувајќи дека Македонија е подготвена да биде оценета според своите напори и залагања на патот кон интеграцијата во ЕУ.
„Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина,“ изјави тој.
Средби со австриски лидери на 20-тиот Евопски самит
Освен учеството на Европскиот самит, Мицкоски најави и важни средби со австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, и со претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен. На овие средби ќе се дискутираат актуелни прашања поврзани со билатералната соработка и поддршката на Австрија за евроинтеграциите на Северна Македонија.