Министерот Николоски денешниот ден го опиша како историски. По 50 години се започнуваат реални работи автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево.

Почеток на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево

Благодарам на сите, благодарам за присуството, навистина мислам дека имаме историски ден. е работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје – Кичево – Струга – Охрид, коридорот 8 познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и 20, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирањето на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и еономскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите, рече министерот Александар Николоски.

„Решивме да работиме, а не да бараме изговори“

Тој упати и благодарност до сите кои биле инволвирани во проектот.

Сакам да се заблагодарам за одличната работа на сите кои се вклучени во проектот, за поддршката која премиерот Мицкоски лично ја дава со тоа што го следи проектот на лична основа. Сакам да најавам уште многу добри вести во деновите коишто доаѓаат. Ние решивме да работиме, а не да бараме изговори и во деновите кои доаѓаат ќе има уште добри вести, а во годините пред нас ќе има многу нови реализирани проекти и во делот на автопати, и во делот на експресни патишта и во делот на железница. Благодарам многу, заклучи министерот Николоски.

Видео од изјавата на Владата

Денеска освен министерот Николоски, се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, како и американската амбасадорка Ангела Агелер и вицепремиерот Изет Меџити.