Конечно на повидок влада во Бугарија?

За многумина „небитна политичка тема“, за познавачите веројатно една од најважните. Бугарија вчера одржа седми парламентарни избори во последниве три години, а државата е во длабока политичка криза. За потсетување, кризата започна во 2020 година кога во државата имаше масовни протести против корупцијата на Бојко Борисов. Сепак, како што личи Борисов им фалеше на Бугарите. Од можеби најомразен политичар за само три години повторно е најгласан во Бугарија. На вчерашните избори неговата партија ГЕРБ-СДС доби повеќе гласови од анкетите.

Пишува: Никола НИКОЛОВСКИ

За разлика од досегашните шест избори, овие се разликуваат. Бугарија можно е конечно да добие стабилна влада, но сепак Борисов ќе мора да преговара за коалиција. Според новиот парламентарен состав влегуваат девет партии, а Борисов рече дека ќе преговара со сие освен со екстремистите од „Преродба“ кои меѓудругото се најрадилни против Македонија.

Пред неколку недели имав гости од Софија тука во Скопје, ги прашав што мислат на тема бугарска политика, па ми велат: Борисов не е идеален, но само тој ги качуваше платите и во државата функцираа институциите и имаше стабилност. Факт е дека како Македонци само две партии ни одговараат за преговори: ГЕРБ на Бојко Борисов и ПП-ДБ на Кирил Петков. Длабоко во останатите проруски инсталации таму вкоренет е антимакедонизмот. Мене искрено крајно ми е одбивен Слави Трифонов, но и останатите пациенти како Џамбаски чија основа за кампања ја тераат против Македонија. Тешко ќе биде и со БСП која е под контрола на Радев. Борисов, ваков или таков, факт е дека е човек на Западот па со него може да се преговара. Неспорно е дека и нашата владејачка ВМРО-ДПМНЕ и новата веројатно влада во Бугарија од ГЕРБ се дел од истото политичко семејство – Европската народна партија. Борисов како нов бугарски премиер може да даде и гаранции дека ќе нема нови барања од Софија кон Скопје во текот на преговарачкиот процес со ЕУ.

Да заклучиме: Во моментов во Бугарија има техничка влада во која странскиот фактор на чело со ЕУ и САД и да сака, не може да ѝ помогне на Македонија. Со стабилна политичка влада може да сметаме на соработка, до тогаш – ништо. Да носиме мудри одлуки… Боемот 2.0

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)