Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска на заедничка прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. На средба со министерот Муртезани за документот од Брисел тој потсети дека за време на минатонеделната посета на Скопје, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен кажала јасна порака.

„Она што е кристално јасно и што би сакал да го кажам е дека кога претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен беше на истава оваа говорница таа кажа јасна порака и би сакал да ја цитирам. Прво, имаше дискусија за одличната соработка и таа секако се заблагодари на Северна Македонија за тоа и потоа „имаме јасна цел, тоа да се отвори Кластерот Основи што е можно побрзо. Речиси сме стигнати до таму. Знаеме дека се работи за уставните измени коишто вашата земја се обврза да ги спроведе. Сега потребни ни се заеднички напори, соработка и дијалог и се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе го преземат овој решителен чекор нанапред“ и потоа продолжи дека е уверена исто како што кажа и премиерот дека може да ги надминеме пречките коишто се сè уште таму и коишто сè уште таму постојат. Толку имам да кажам“, нагласи Рокас.

Тој цитираше делови од Извештајот за напредокот на земјава, посочувајќи дека Северна Македонија треба да продолжи паралелно да ја испорачува имплементацијата на реформите поврзани со ЕУ, особено во Кластерот Темели – поточно судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, а довербата во правосудниот систем треба да биде засилена, а додаде, корупцијата треба да се решава преку добар след на случаите во судовите и во обвинителствата.