Латас објави видео од приватна журка во Дубаи

Латас објави видео од приватна журка во Дубаи, која се одржала пред недела дена. Во описот на видеото, Латас иронично напиша:

“Да е жива опозицијата и сметките на опозицијата, ние овде кој како може.”

Латас со својата саркастична забелешка допре до прашањето за финансиите на опозицијата и начинот на кој политичките личности го минуваат своето слободно време.

На видеото, јасно се гледа како поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче се забавуваат во луксузно опкружување, во друштво на познатиот пејач Харис Џиновиќ.