Повеќе од 78 милиони американски граѓани ја искористија можноста да гласаат предвреме на претседателските избори што ќе се одржат утре, соопшти Универзитетот во Флорида.
Во извештајот се наведува дека повеќе од 42,6 милиони луѓе излегле на гласање, а околу 35,3 милиони од нив гласале по пошта.
Вкупниот број на регистрирани гласачи во САД е 168 милиони. Најголема излезност е забележана во Тексас – 8,9 милиони, Флорида 8,1 милиони, Калифорнија 7,6 милиони, Северна Каролина 4,4 милиони и Џорџија 4 милиони, пренесе ТАСС.
Претседателските кандидати се поранешниот американски претседател Доналд Трамп и сегашниот потпретседател Камала Харис. Според извештаите од избирачките места, и двајцата кандидати засега имаат еднакви шанси за победа.