Првично, деновите на изборите се разликуваа од држава до држава, но во 1845 година беше донесен закон со кој се воспоставува еден изборен ден за целата земја. (Најпрво тоа се однесуваше само на претседателските избори, но подоцна беше проширено и на конгресните избори), според Енциклопедија Британика.
Во тоа време, Соединетите Држави сè уште беа претежно аграрно општество. За земјоделците, кои го сочинуваа најголемиот дел од работната сила, поголемиот дел од годината поминуваше во садење, чување и берба на земјоделски култури. Почетокот на ноември беше добро време за гласање бидејќи жетвата беше завршена, но времето беше уште релативно благо, пренесува Кликс.
Сепак, некои денови во неделата беа подобри од другите. Два дена дефинитивно не доаѓаше во предвид. Повеќето Американци беа побожни христијани и затоа неделата ја назначија како ден за одмор и богослужба. Среда беше пазарен ден во многу области, кога земјоделците ги продаваа своите посеви во градот.
Покрај тоа, понекогаш беше потребно патување од еден ден. Во руралните области, најблиското избирачко место може да биде оддалечено неколку милји, а во ерата пред автомобили, патувањето до таму може да трае долго. Ако луѓето не можеа да ги користат неделата или средата како ден за патување, тогаш тоа значи дека денот на изборите не може да биде ниту во понеделник или четврток. И така вторникот беше сфатен како најдобра опција.
Причината поради која денот на изборите беше наведен како вторник „по првиот понеделник“ беше да се спречи тој да падне на 1 ноември. Денот се сметаше за несреќен затоа што некои христијани го славеа како Ден на сите светци, а исто така и затоа што трговците обично го земаа првиот ден од месецот за да ги подмират своите книги за претходниот месец.
Иако вторникот беше избран од практични причини, гласањето на тој ден сега се почесто се гледа како пречка. Помалку од 2 отсто од Американците денес се вработени во земјоделството, а многу луѓе работат во вторник во текот на целата година. Бидејќи одѕивот на гласачите се намалуваше со текот на времето, некои луѓе предложија да се префрлат изборите за викенд.
Други предложија денот на изборите да остане вторник, но да биде федерален празник. Иако тие конкретни напори не беа успешни, зголемените можности за предвремено гласање и гласање преку пошта значеа дека денот на изборите беше помалку важен за гласачкото искуство отколку што беше претходно.