Доналд Трамп е старо-нов американски претседател. Американската политика е тесно поврзана со европската, а оттука произлегуваат многу прашања: Каква би била надворешната политика на Трамп кон Европа, што значи ова за Западен Балкан и Македонија? Што значи ова за владејачката ВМРО-ДПМНЕ која е десно ориентирана и има контакти со многу функционери, првенствено со Ричард Гренел кој неодамна беше во Скопје. За него се шпекулира дека ќе биде новиот Државен Секретар.

Одговорите на сите овие прашања ги имаме во нашата ЕКСКЛУЗИВНА изборна анализа. Во нашето студио за изборната победа на Доналд Трамп пред Камала Харис разговаравме со заменик премиерот и министер за Односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ. Заедно со него ководител беше аналитичарот Сотир Костов.

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД: „Ќе се борам секој ден“

Не пропуштајте ја оваа емисија која ќе ви ги разреши сите нејаснотии околу изборите во САД. Победата на Трамп му отвора големи шанси на Мицкоски!