Како Либан се вмеша во војната?
Војната меѓу Израел и Хамас (ин)директно го погоди и Либан, особено јужниот дел на државата. Освен Либан, зафатен беше и Јемен. Во октомври 2023 години започнаа нападите од Либан кон Израел и обратно, а оттогаш на неколку пати згусна ситуацијата таму. Хезболах ја презеде одговорноста за новиот оган од јужен Либан врз Израел, кој одговори со бомбардирање прекугранични села. Тогаш Хезболах рече дека дејствува во знак на солидарност со палестинската офанзива на Хамас против Израел. Хезболах повика на обединување на мулиманските земји против Израел.
Либан и покрај тоа што не беше директно инволвиран во војната многу страдаше од неа.
(ВИДЕО) Бомбардирања од Либан кон Израел, одговорноста ја презеде Хезболах
Жителите се враќаат во јужен Либан
Илјадници луѓе од јужен Либан почнаа да се враќаат во своите домови откако вчера стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах. Протокот продолжи и покрај предупредувањата дека примирјето е премногу кревко и премногу рано за да се врати дома. Редици преполни автомобили се наредени по патиштата во Либан, иако израелската армија ги предупреди луѓето да останат надвор од областите каде што се стационирани воени единици.
Во меѓувреме, ДПА јави дека и покрај стапувањето на сила на примирјето, израелските сили вчера убија неколку борци на Хезболах во јужен Либан. Присуството на милитантите во областа е во спротивност со договорот, изјави портпаролот на израелската војска Даниел Хагари во синоќешното обраќање, додавајќи дека „секое прекршување на прекинот на огнот ќе биде одговорено со оган“.
Договор за прекин на огнот
Договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила рано вчера, предвидува дека силите на Хезболах се повлекуваат зад реката Литани, на околу 30 километри северно од израелско-либанската граница. Израелските сили, исто така, уапсија неколку осомничени кои се приближија до областите во јужен Либан каде што продолжуваат да се распоредуваат израелски војници, рече Хагари. Секој вооружен ќе биде убиен или уапсен таму, предупреди портпаролот. Тој повторно ги повика цивилите кои ги напуштија своите домови поради борбите да чекаат пред да се вратат во јужен Либан.
Непосредно пред да стапи на сила прекинот на огнот, израелската војска нападна околу 180 цели на Хезболах, вклучително и подземен капацитет за производство на ракети од околу 1,5 километри, рече Хагари.
Израелската војска соопшти дека тоа е најголемата локација за производство на Хезболах за прецизно наведувани ракети.