Во неизвесен натпревар што траеше речиси два ипол часа, Израел поведе со 25:16, по што избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ ги решија во своја корист следните три сета со 32:30, 31:29 и 25:23.
Македонските одбојкари утре од 16 часот против Кипар го играат последниот натпревар пред завршниот турнир во Европската сребрена лига, на кој ќе бидат домаќини во Струмица од 3 до 5 јуни.
По пет одиграни натпревари во групата А, македонскиот состав е првопласиран со ефект од четири победи и еден пораз.