Аутсајдерот се закани со два брејка и поведе со 1:0 и 3:2, но сепак ова беше добар знак дека Ноле мора да го подигне нивото, па откако го направи тоа, Словакот едноставно немаше што да бара на теренот. Светскиот рекет број еден го доби првиот сет со 6:4, додека во вториот славеше со 6:3 и се израдува на титулата која му избега од раце пред еден месец.

Пред 30-тина дена, Новак на првиот турнир во Белград беше поразен од Карацев, но сега со публика на трибините, Новак имаше доволно добар мотив за да слави и да ја освои титулата пред да замине за Париз.

– Мојот тренер е Словак, па иако не беше тука, ми даде совети за Молчан. Ви благодарам на сите што сте на трибините, го разубавевте овој ден. Морам да признаам дека со мислите веќе бев во Париз, но искрено го сакав овој трофеј.Играв тука пред еден месец, но тогаш немаше публика и бев сопрен во полуфиналето. Имав дополнителен мотив да се вратам, иако обично правам пауза неделата пред грен слем турнири. Одлуката беше лесна и не зажалив. За крај, одам по титулата на Ролан Гарос, – им порача Ноле на своите сонародници во првиот говор.