Според медиумите Васко Ковачевски моментално е надвор од Северна Македонија, а дел од нив пренесуваат дека државата ја напуштил уште во октомври. Останатите

Прочитајте кои се луѓето кои се уапсени утрово во продоллжение.

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Ова се луѓето кои се уапсени во големата полициска акција во ЕСМ

Од утрово во тек е опсежна полициска акција, при што се уапсени повеќе лица во врска со криминални активности за јавни набавки во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј, но Ковачевски не е приведен бидејќи е надвор од земјата од октомври. Кај некои од приведените е откриена значителна сума од над 130.000 евра во готовина, пренесува МКД.мк.

Македонската јавност сведочи дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски беше еден од најблиските соработници на поранешниот премиер Зоран Заев.

Надлежните потврдуваат дека осомничените лица се гонат за кривични дела организиран криминал и злоупотреба на службената положба, преку кои противправно се стекнале со парична корист.

„Во акцијата се вмешани вкупно 29 физички и 4 правни лица од градовите Велес, Неготино, Битола, Кичево и Скопје. Меѓу осомничените се Васко Стефанов, уште еден поранешен директор на ЕСМ, Пеце Матевски, поранешниот директор на РЕК Битола, Адријан Муча, комерцијалниот директор на ЕСМ, Данчо Стојановски од Велес, кој претходно ја извршуваше функцијата комерцијален директор на ЕСМ пред Муча. и Маја Јорданова од Велес, која имала договор за адитиви“, засега се соопштува по медиумите.

Редакцијата на Радио Лидер ова го дискутираше и во утринската емисија каде гостин ни беше заменик министерот Ѓоко Велковски.