Банката „Julius Baer“ која е трета по големина банка во Швајцарија ќе плати казна од 43.3 милиони долари, а ќе и се одземат и 36.4 милиони долари за извршените трансакции во периодот од февруари 2013 до јануари 2015 година.

Американското министерство за правда смета дека банката свесно перела пари, како би ја прикрила вистинската намена на уплатените пари и со тоа е дел од измамата.

Во подмитувањето учествувале лица кои неконски ги плаќање службениците на ФИФА, а за возврат добиле права на пренесување на фудбалски натпревари.

– Банката им помагала на корумпираните службеници на ФИФА во перење на повеќе од 36 милиони долари, објави американската даночна служна (ИРС).

Но, бидејќи банката соработувала од самиот почеток на истрагата на Министерството за правда на САД, се договори за спогодба. Освен тоа, обвинителот одлучи да го намали износот кој треба „Julius Baer“ да го плати за пет проценти.