Уапсени 27-годишник и малолетник за обид за грабеж на банка во скопски населба Чаир.

Испукани неколку истрали

Дваесет и седумгодишниот (А.А.) и малолетникот, двајцата од Скопје, се уапсени по обид за вооружен грабеж во експозитура на банка во населба Чаир.

Инцидентот се случил на 16 декември 2024 година, околу 13 часот, кога осомничените испукале неколку истрели во непробојното стакло на банката. За среќа, при нападот нема повредени.

Лицата се уапсени – брза реакција на СВР Скопје

Благодарение на брзата реакција на СВР Скопје , А.А. е приведен на лице место, додека малолетникот за кратко време бил лоциран. Кај малолетникот при претрес бил пронајден нож.

„Со оваа акција испраќаме јасна порака – безбедноста на нашите граѓани е наш врвен приоритет, а грабежите нема да останат неказнето. Благодариме на јавноста за соработката. Пофалба за нашите тимови за брзата и ефикасна интервенција“, изјавија полициските службеници.

Осомничените ќе одговараат со кривична пријава, а истрагата е во тек за утврдување на сите околности околу случајот.