Мицевски: Корупцијата потекнува од институционални слабости

Корупцијата е директна последица на проблемите во судството и обвинителството, изјави Никола Мицевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на пратеничката група во Собранието, во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.

  • „Системските пропусти во судството и обвинителството овозможија неказнивост за функционерите. Наместо решавање на проблемите, се овозможуваше корупцијата да се развива, што резултираше со состојбата во која сме денес,“ изјави тој.

Меѓународна потврда за корупцијата: Артан Груби на црната листа

Мицевски нагласи дека долгогодишните укажувања на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреби се потврдени со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД.

  • „Години укажувавме на корупцијата во редовите на ДУИ. Меѓународните санкции, како ставањето на првиот човек на ДУИ на црната листа, само потврдуваат дека нашите обвинувања беа основани,“ изјави Мицевски.

Коалициска одговорност за корупцијата

Мицевски ја критикуваше ДУИ за нејзиното делување, нарекувајќи ги нивните политики штетни за државата и граѓаните.

  • „ДУИ, со своите практики, ја клекна државата. Наместо да решаваат проблеми, тие секојдневно потценуваа и македонски и албански граѓани со несериозни настапи,“ истакна тој.

Тој додаде дека СДСМ, како нивен коалициски партнер, е подеднакво одговорен за ширењето на корупцијата.

Обид за дефокус преку непостоечки проблеми

Мицевски нагласи дека криминалните структури користат стратегии за дефокусирање на јавноста.

  • „Тие што беа главните извор на корупцијата, денес измислуваат теми за да го свртат вниманието од нивните дела. Но, јасно е дека мора да се спроведат истраги за сите злоупотреби,“ додаде тој.

Чесна работа како основа за искоренување на корупцијата

На крајот, Мицевски ја истакна важноста на чесната работа и искоренувањето на коруптивните практики.

  • „Најважно е да се врати довербата во институциите преку транспарентност, чесност и одговорност,“ заклучи тој.